Пет-дневна обука за обучувачи за медијација (Demo)

Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ и Институтот за европска политика организираат пет-дневна обука за обучувачи за медијација. Обуката ќе се одржи во период од 28 февруари до 4 март 2022 година во Хотел Панорамика Дизајн и Спа во Скопје.

Обуката ќе се реализира во соработка со Холандската федерација на медијатори, од страна на холандски експерти за конкретни теми и вештини поврзани со медијацијата. Главен предавач на обуката е г-дин Јан ван Цвитен, претседател на Меѓународниот регистер за медијација и претседател на Холандската федерација на медијатори.

Целта на обуката е македонските обучувачи за медијација, сегашни и идни, да се оспособат со современи методи и вештини од областа.

Агендата за предвидената обука можете да ја погледнете на следниот линк.

 

По завршувањето на  обуката на сите учесници ќе им биде издаден сертификат.

 

Обуката ќе се организира со физичко присуство и истата ќе биде организирана во согласност со протоколите за заштита од КОВИД 19. Поточнo. На обуката ќе може да присуствуваат лица, кои согласно важечките правила поседуваат сертификат за вакцинација и/или сертификат/потврда за прележан КОВИД 19 во последните 45 дена.

На обуката ќе биде обезбеден симултан превод од англиски на македонски јазик и обратно.

Обуката се организира согласно проектот „Медијација, без дилема!“, кој Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.