ONLINE СОВЕТУВАЊЕ на тема „Јавни набавки-видови“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Јавни набавки-видови“, кое ќе се одржи на 13 октомври (среда) 2021 година, преку ZOOM платформа.

 Советувањето е наменето за судии, и стручни соработници од Виш управен суд и Управен суд.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Анета Мострова, адвокат и г-ѓа Габриела Папеш, помошник раководител на сектор, биро за јавни набавки.

 

За повеќе информации Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.