ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Заштитата на личните податоци наспроти Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Заштитата на личните податоци наспроти Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, кое ќе се одржи на 01 декември 2021 година (среда) на ZOOM платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за офицери за заштита на личните податоци и за лицата кои постапуваат по барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Предавачи на советувањето ќе бидат: г-а Мануела Станоевска-Стоилковска, виш супервизор и раководител на одделение за нарушување на безбедноста и повреди на правото за заштита на личните податоци во  Агенцијата за заштита на личните податоци и г-н Петар Гајдов, помошник раководител на сектор за управно-правни и општи работи во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

    1. Презентација 1

2. Презентација 2

За повеќе информации Ве молиме да се обратите на на е-маил адресата на лицето задолжено за организацијата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02 / 2401-572.