Онлајн советување на тема ,,Трошоци по повод претходни и привремени мерки и трошоци во парничната постапка“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема ,,Трошоци по повод претходни и привремени мерки и трошоци во парничната постапка. Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја и истото ќе се одржи на 10 март (четврток) 2022 година, преку платформата ZOOM.

           

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Анита Бошковска, судија на Апелационен суд Скопје и г-ѓа Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација на обуката на е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk, или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда- 10 март 2022 година.Преземи

Работни материјали:

1.Презентација 1