Онлајн советување на тема „Принцип на опортунитет во кривичната постапка и осврт на примена на член 43 и 44“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира online советување на тема „Принцип на опортунитет во кривичната постапка и осврт на примена на член 43 и 44“, кое ќе се одржи на 8 јуни (среда) 2022 година, преку ЗООМ Платформата.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето  ќе бидат, д-р Верка Костовска, судија на Основен суд Тетово и м-р Стефчо Донев, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Штип.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одржи советувањето можете да ја преземете тука.

 

Материјалите за советувањето, можете да ги превземете тука: