Онлајн советување на тема: „Примена на АКМИС системот и судскиот деловник (заведување на предмети и внесување на податоци)“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема: „Примена на АКМИС системот и судскиот деловник (заведување на предмети и внесување на податоци)“, кое ќе се одржи на 08 јули 2022 година (петок), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судски службеници од кривични оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник и шеф на кабинет во Врховниот суд на Република Северна Македонија.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали можете да ги превземете тука.