ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема „Нотарски акти со извршна клаузула и спорови кои произлегуваат од нотарските акти“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира онлајн советување на тема „Нотарските акти цо извршна клаузула и спорови кои произлегуваат од нотарските акти. Советувањето е наменето за судии од и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја. Предвидено е да се одржи на 11 мај  (вторник) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Александар Шопов, судија на Основен суд Велес и м-р Мариан Коцески, нотар.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука:

Ништовност на нотарски акти и дилеми за акти со извршна клаузула – Александар Шопов

Нотарски акт и солемнизирана приватна исправа со својство на извршна исправа – Мариан Коцески

 

За повеќе информации поврзани со советувањето Ве молиме обратете се на следната е-маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.