Онлајн советување на тема „Кривична одговорност на правните лица преку дејствијата на одговорните лица и законските застапници на истите, правните лица во стечај, нивните правни следбеници“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлјан советување на тема „Кривична одговорност на правните лица преку дејствијата на одговорните лица  и законските застапници  на истите, правните лица во стечај, нивните правни следбеници“, кое ќе се одржи на 16 јуни (четврток) 2022 година, преку ЗООМ Платформата.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето  ќе бидат, г. Артан Лимани, судија на Основен граѓански суд Скопје и г-а Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

 За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата за должено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Материјалите  за советувањето можете да ги подигнете тука: