(мкд) Онлајн советување на тема „Кривична одговорност на правните лица преку дејствијата на одговорните лица и законските застапници на истите, правните лица во стечај, нивните правни следбеници“

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлјан советување на тема „Кривична одговорност на правните лица преку дејствијата на одговорните лица  и законските застапници  на истите, правните лица во стечај, нивните правни следбеници“, кое ќе се одржи на 16 јуни (четврток) 2022 година, преку ЗООМ Платформата.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето  ќе бидат, г. Артан Лимани, судија на Основен граѓански суд Скопје и г-а Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

 За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата за должено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Материјалите  за советувањето можете да ги подигнете тука: