Онлајн советување на тема „Изработка на годишен план за вработување“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлјан советување на тема: „Изработка на годишен план за вработување“, кое ќе се одржи на 30 јуни (четврток) 2022 година, преку ЗООМ Платформата, со почеток од 11:00 чесот.

Советувањето е наменето за претседатели на судови и судски администратори од сите апелациони подрачја.

 Предавачи на советувањето  ќе бидат, г-а Лидија Таневска Јадровска, шеф на кабинет и самостоен судски советник во Врховен суд на Република Северна Македонија и г-а Силвија Јаневска, Државен советник  во Судски совет на Република Северна Македонија.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата за должено за организација на следната е-маил адреса Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.