ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Етика и етички кодекс“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Етика и етички кодекс“, кое ќе се одржи на 21 април 2021 година (среда) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судските и јавнообвинителските службеници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Лидија Таневска Јадровска, шеф  на кабинет-самостоен судски  советник во Врховен суд на Република Северна Македонија и   г-н Сашо Темелкоски, судски администратор во Основен суд Прилеп.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали :

1.Презентација “ЕТИКА И ЕТИЧКИ КОДЕКС”

2.Презентација “Етика – морал  Интегритет”

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.