Oнлајн советување на тема: „Дискриминација и Мобинг на работното место“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн советување на тема: „Дискриминација и Мобинг на работното место“, кое ќе се одржи на 07 март 2022 година (понеделник) на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за членовите на Советот на судска служба, судски администратори, раководни лица и судски службеници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева од Основен суд Велес и г-а Лидија Таневска Јадровска од Врховен суд на Р. Северна Македонија.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адресата на: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

 

Агенда-07 март 2022 година