Онлајн советување на тема ,,Член 215 од КЗ неовластено произвоство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, со акцент на личната употреба на дрогата и праксата на судовите во државата“ (Demo)

           Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема ,,Член 215 од КЗ неовластено произвоство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, со акцент на личната употреба на дрогата и праксата на судовите во државата“.

            Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја, и истото ќе одржи на 3 март (четврток) 2022 година, преку платформата ZOOM.

            Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Татјана Петровска, судија на Основен суд Битола и г-ѓа Сузана Мирческа Кузмановска, јавен обвинител во ОЈО за гонење криминал и корупција.

            За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса  mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда 03.03.2022 година

Работни материјали:

1.Презентација 1