Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје организира онлајн работилница на тема: ,,Кривичен прогон на кривични дела против животната средина: загадување на воздухот’’.
Онлајн работилницата ќе се реализира на платформата Zoom for Government, на 26 јануари 2022 година (среда), со почеток од 14:00 до 16:30 часот.
Работилницата е наменета за судиите од кривичните оддели од сите инстанци, јавните обвинители, а на истата ќе имаат можност да се вклучат и слушателите на почетната програма од седмата генерација.
Доколку Ви се потребни повеќе детали ве молиме да го контактирате лицето кое ја организира обуката на следната e-mail адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk, или на тел.02/2401-568.
Работилницата ќе се одвива согласно следната: Агенда за онлјан работилница- 26.01.2022 година