ОНЛАЈН ОБУКА на тема: Правната релација помеѓу стечајот и извршувањето – правен третман на прибелешка на налог за изршување врз недвижниот имот на стечајниот должник” (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Меѓународната финансиска корпорација, групација на Светска банка а во рамки на проектот ,,Проект за решавање на долговите и деловен излез’’ организираат обука на тема: „Правната релација помеѓу стечајот и извршувањето – правен третман на прибелешка на налог за изршување врз недвижниот имот на стечајниот должник”, која ќе се одржи онлајн на 5 мај 2022 година (четврток)  преку платформата ZOOM.

На обуката се поканети судии од трговските оддели oд сите апелациони подрачја, стечајни управници и извршители.

Предавачи на оваа обука ќе бидат м-р Наташа Савовска Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје и г-н Артан Лимани судија на Основен граѓански суд Скопје.

За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација од Академијата на следната е-маил адресата: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2