Онлајн обука на тема: „Дигитализација на кривичната и граѓанска правда во ЕУ“ – 14 и 15 јуни 2021 година-) (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Европскиот институт за јавна администрација ЕИПА, организира дводневна обука на тема: „Дигитализација на кривичната и граѓанска правда во ЕУ“ која ќе се одржи на 14 и 15 јуни 2021 година (понеделник-вторник) преку ЗООМ платформата.

Обуката е наменета за судии од кривични и граѓански оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, како и за адвокати, медијатори и претставници од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

Агендата согласно која ќе се одвива настанот, како и работните материјали кои ќе се користат за време на обуката на македонски и англиски јазик можете да ги преземете на следниот линк:

https://zoom.us/j/98410494081?pwd=NStWL0c0SllPU1hRbDkvNG5pc0Iydz09

За повеќе детали поврзани со начинот на пријавување на обуката Ве молиме обратете се на следната е маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/2401-569.