Одржано советување за презумцијата на невиност во праксата на ЕСЧП (Demo)

Денес (18.02.2020 година) во просториите на Академијата се одржа советување посветено на темата: Презумцијата на невиност во праксата на ЕСЧП, кое го организираше Академијата во соработка со Програмата ОПДАТ на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

На советувањето присуствуваа судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Со поздравно обраќање до присутните настанот го отворија: проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и г-а Челси Б.Шинор, правен советник во Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Целата на советувањето беше да се разменат компаративни искуства во врска со презумцијата на невиност и судската пракса на Европскиот суд за човекови права по однос на ова прашање.

Општите согледувања за презумцијата на невиност низ судските постапки на ЕСЧП во кривични и други постапки ги презентираше г-ѓа Славица Чубриќ, правен советник во Амбасадата на САД во Република Северна Македонија додека за презумцијата на невисност од аспект на медумиските известувања и јавните изјави говореше г-ѓа Челси Б. Шинор, правен советник при Амбасадата во САД во Република Северна Македонија.

Владеењето на правото и заштитата на човековите права се наоѓаат високо на листата на приоритети во правосудството на нашата држава, оттука, многу е важно доследно да се применуваат членовите на Европската конвенција за човекови права, но истовремено и да се почитува судската пракса на Европскиот суд за човекови права.

Организирање на ваков вид советувања се посебно значајни за унапредувањето на правосудниот систем бидејќи нудат можност на директен начин да се дискутира за проблемите со кои се соочуваат во секојдневната работа правните практичари, како и да се понудат позитивни решенија за надминување на истите.