ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ на тема „Европски стандарди во врска со кривичните постапки согласно членот 5 и членот 6 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП)“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во текот на месец ноември 2020 година  ќе започне со спроведување на обука за обучувачи на тема „Европски стандарди во врска со кривичните постапки согласно членот 5 и членот 6 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП)“. Обуката ќе биде спроведена во форма на три,  тричасовни целини (сесии) кои ќе се одржат  на 13, 20 и 27 ноември 2020 година, со почеток во 10 часот и истите ќе траат до 13 часот на денот на одржување. Серијата на сесии ќе се реализираат  целосно online на соодветна online комуникациска платформа.

Обуката е наменета за јавни обвинители и судии кои работат на кривична материја, предавачи и ментори од сите апелациони подрачја од  редот на предавачите односно  менторите на Академијата.

На сесиите на обуката е предвидено свои излагања да имаат: м-р Даница Џонова, в.д. директор на Бирот за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, м-р Велимир Деловски од Совет на Европа  и  м-р Дарко Павловски од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.