Обука на тема: Спорови кои произлегуваат од обезбедување на побарувањата за заложно право (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители организра обука на тема: ,,Спорови кои произлегуваат од обезбедување на побарувањата за заложно право”, која ќе се одржи на 15 декември 2021 година, а ќе се реализира преку ЗООМ платформа.

Обуката е наменета за судии, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Излагачи на обуката ќе бидат: м-р Александар Шопов, судија на Основен суд Велес и м-р Марјан Коцевски, нотар.

За повеќе информации поврзани со обуката и начинот на прклучување Ве молиме да се обратите на следната емаил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2