Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со DCAF- Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија (2021-2026), организира интерактивна практична работилница на тема: ,,Спроведување на мерките за следење на комуникациите’’.
Работилницата ќе се реализира на 06 мај 2022 година (петок), со почеток во 09:00 часот, во хотел Аурора, Берово.
Материјалот кој ќе биде опфатен во текот на работилницата е од Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите, кој е достапен на следните линкови:
– МКД верзија – http://old.jpacademy.gov.mk/wp56/wp-content/uploads/2019/12/mkd-priracnik za-sproveduvanje-na-merkite-za-sledenje-na-komunikaciite-ebook.pdf
– АЛБ верзија – http://old.jpacademy.gov.mk/wp56/wp-content/uploads/2019/12/alb-doracak-p%C3%Abr-zbatimin-e-masave-ebook.pdf
Работилницата е наменета за судии и јавни обвинители од апелационото подрачје на Штип и претставници од други релевантни институции.
За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација од Академијата на следната e-mail: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk, како и да бидеме известени на тел.02/2401-568.
Агендата согласно која ќе се одвива работилницата можете да ја преземете тука.