По долготрајниот процес на тестирање, 97 кандидати беа примени во осмата генерација студенти во Академијата за судии и јавни обвинители. Бројот на кандидати е поголем годинава, но тоа зависи од информациите што се добиваат од судството и обвинителството за одливот на кадри, вели Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, за Утрински брифинг.
Таа додава дека ова веќе се разговара во правосудството и резови мора да се направат иако тоа никогаш не е лесно.
-Ние даваме максимум да постигнеме нивелација на знаењето. Ангажираме искусни практичари како предавачи и соработуваме со граѓански организации. Ова се генерациите што ќе мораат да го применуваат европското право, а ќе мора да се воведе и медијаторското право, вели Габер Дамјановска за Утрински брифинг.
Нашата таргет група се луѓе кои веќе работат во сферата на правото и да имаат положен правосуден испит, тоа се главно стручни соработници од судовите кои си ја гледаат иднината кариера таму, појаснува Габер Дамјановска.
-Според Уставот, судиите треба да ги избираат судиите, а во Судскиот совет седат судии, вели Габер Дамјановска на коментарот дека во Судскиот совет седат кадри кои се аминувани од партиите.