ДИСКУСИЈА: МЕДИЈАЦИЈАТА Е ПОВЕЌЕ ОД СУДОВИ И АДВОКАТИ, ТAA Е КУЛТУРА КОЈА БРЗО СЕ РАЗВИВА ВО ЗЕМЈАВА (Demo)

Медијацијата е многу повеќе од судови и адвокати, таа е култура. Треба јавноста истата да ја прифати, бидејќи е важно медијацијата  да се прошири подалеку од правниот дел.

Ова беше еден од главните заклучоци на промотивниот настан „Унапредување на квалитетот на медијацијата“ организиран од ЕПИ во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“.

Настанот го отворија директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска, заменик-амбасадорот на Кралството Холандија Роберт Декер, заменик-министерот за правда Агим Нухиу, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска и претседателката на Комората на медијатори, Гордана Богеска. Тие го претставија и поздравија досегашниот развој на медијацијата во земјава, поставувајќи ги идните предизвици.

Повеќе за настанот можете да прочитате на следниот линк: https://epi.org.mk/post/20807