Директорката на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска учествуваше на Управниот Одбор за компонента 1 од JUFREX 2-,,Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција-фаза II ” 2019-2022- 9 декември 2022 година (Demo)

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинтели, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, учествуваше на вториот состанок на Управниот одбор за копмонента 1 организиран од проектот JUFREX 2 кој е дел од,,Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција-фаза II ” 2019-2022. Настанот се реализираше во просториите на Совет на Европа во Скопје а дел од учесниците го следе онлајн.

На настанот учествуваа г-а Лејла Дервишагиќ, оперативен директор на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, г-а Александра  Бодгановска, виш проект- офицер , Програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје, г-а Симона Трајкоска, асистент на проектот, Програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје, г-а Сања Фрковиќ Гелевска, Програмски менаџер, Слобода на медиуми, информатичко општество и култура и г-а Јелена Ристиќ, заменик претседател на Адвокатската комора на РСМ.

 

 

Во фокусот на настанот беше презентација на активностите на JUFREX- компонента 1, потоа презентација на активностите што ги спроведуваат партнерите на програмата  и дискутирање во насока на постигнатите резултати од оваа соработка во изминатите години, а  воедно се дискутираше и за  идните активности.

Академијата за судии и јавни обвинители е активен партнер и корисник на заедничката Програма на Европската унија и Совет на Европа Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX).

По ова следеше соработката со проектот JUFREX 2 кој е дел од,,Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција-фаза II ” 2019-2022 и е надградба на резултатите постигнати во претходната, регионална, заедничка програма на ЕУ/Совет на Европа ,, Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX). Во фокус  на JUFREX 2 е повторно слободата на изразување  и слободата на медиумите во согласност со Европските стандарди.

Целта на проектните активности е подобрување на примената на тие стандарди преку активно вклучување на судии, јавни обвинители, претставници на регулаторните тела за медуми и медиумски чинители.

Директорката на Академијата проф. д-р Габер Дамјановска, во својата презентација на овој настан потенцираше дека  праксата во нашата држава покажа дека е исклучително важна врската помеѓу судството и медумите во контекст на заштитата на човековите права, од една страна и слободата на изразување од другата страна. Имено, сите направени анализи посочуваат дека е потребна поголема транспарентност на судството се со цел да се подобри перцепцијата и да се зголеми довербата на граѓаните кон судството.

 

 

Поттикнување на примената на Европската конвенција за човековите права (ЕКЧП) и на судската практика на Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) во областа на слободата на изразување во секојдневната работа на судиите преку толкување и спроведување на законодавството во согласност со европските стандарди е еден од позитивните резултати кои треба да се постигне со реализацијата на JUFREX 2.

Во таа насока, Академијата не само преку активна партиципација во спроведувањето на активностите предвидени со оваа програма туку и во рамките на својата широка меѓународна соработка прави напори оваа тема да биде опфатена и преку едукативни настани да ја подигне свеста на правните практичари но и на медумските работници за значењето на слободата на изразување и заштитата на човековите права.