Директорката на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска учествуваше на тркалезната маса за заштита на децата странци во миграциски движења – 16 декември 2021 година (Demo)

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинтели, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, учествуваше на тркалезната маса за заштита на децата странци во миграциски движења низ Република Северна Македонија, која се одржа денес (16 декември 2021 година) во хотел „Александар Палас“ Скопје.

Тркалезната маса ја организраше Академијата за судии и јавни обвинители  во соработка со финансиска поддршка на Претставништвото на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (UNHCR) во Скопје и Меѓународната организација за миграции (IOM) во Скопје

            На настанот учествуваа судии и јавни обвинители кои работат на кривични и други случаи со непридружувани деца странци по миграциската рута. Воедно, на настанот присуствуваат и претставници на централната и регионална гранична полиција, социјални работници, сектор за азил, народен правобранител, невладини организации и претставници од UNHCR, UNICEF и IOM.

Во фокусот на настанот беше  состојбата со заштитата и пристап до правата на децата странци без придружба кои се движат по миграциската рута низ државата.

            Присутните со свој говор ги поздрави и директорката на Академијата проф. д-р Габер Дамјановска, која потенцираше дека состојбата со правата на децата е актуелна на глобално ниво и остварувањето на правата на децата претставува исклучително значајна тема. Секако, како што истакна таа, Владата на Република Северна Македонија бележи значителен напредок во однос на темата со децата бегалци и мигранти, но свеста и перцепцијата на сите граѓани без разлика на нивната професионална профилација треба да се менува. Според, директорката на Академијата, националната законска рамка ја следи европската легислатива во оваа област но истата треба да се менува согласно промените кои се појавуваат не само во ЕУ туку и пошироко, во смисла на почитување и гарантирање на правата на децата со тоа што ќе им се обезбеди и полесен пристап до правдата која треба да биде адаптирана и усогласена со нивните разбирања за право и правда (friendly justice). Академијата има одлична соработка со UNHCR, UNICEF и IOM. Со овие организации реализирани се низа едукативни настани на оваа тема и со истите беа опфатени судиите и јавните обвинители, но претставниците на релевантните институции како што се Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика кои делуваат во областа на миграциите, азил и т.н. Академијата останува отворена за идни соработки со кои ќе даде свој придонесе во глобалните заложби за почитување на правата на децата. – додаде директорката на Академијата.

Покрај директорката на Академијата, свои обраќања имаа и Моника Сандри, претставничка на UNHCR  во Скопје и Патриција Ди Џовани, претставничка на UNICEF во Скопје.

            Излагања поврзани со темата имаа: Маја Конеска, јавен обвинители во Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал, Тара Калапути, претстравник од UNICEF,  Кристина Бунеа, претставник од UNHCR, Дејан Ивковски, Ирена Митревска и Соња Кипровска, претставници од Министерстовот за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.