Делегација од Република Северна Македонија предводена од Националниот координатор за спречување на насилен есктремизам и борба против тероризам, Борче Петревски во посета на Виена, Австрија (Demo)

Во периодот 16-18 декември, 2019 година, Националниот координатор за спречување на насилен есктремизам и борба против тероризам, Борче Петревски беше во работна посета на Виена, Австрија, каде предводеше владина делегација со цел учество на Регионална работилница за справување со странски терористички борци во земјите од Југоисточна Европа, на покана на UNODC  (Канцеларија на ОН за борба со дрога и криминал). Членови на делегацијата беа претставник на Канцеларијата на Националниот координатор за СНЕ/БПТ, претставник на Републичкото Јавно обвинителство, претставник на Судскиот совет и претставник на Академијата на судии и јавни обвинители.

Работната посета имаше неколку цели: претставување на моменталната состојба во  Република Северна Македонија и превземените мерки и политики во поглед на заканата и новите трендови поврзани со враќањето и сместувањето на СТБ, размена на меѓународни и регионални искуства поврзани со интернет истраги и анализи на социјалните медиуми за онлајн радикализација и тероризам, како и развој на наставни програми од страна на судските и полициски институти за обука преку користење на прирачникот на UNODC „Странски терористички борци. Прирачник за институциите за обука на судии од Југоисточна Европа- обновено издание 2019 година“.

На настанот присуствуваа претставници од UNODC, како и релеватни владини институции од земјите од Западен Балкан со кои беа разменети искуства, позитивни практики и корисни препораки во поглед на можностите за унапредување на меѓународната соработка во имплементацијата на Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам и Националната стратегија за борба против тероризам на Република Северна Македонија поврзани со третманот на СТБ,  предизвиците од онлајн радикализацијата и начините на подобрување на наставните програми за соодветно водење на истрагите и судско процесуирање на случаите поврзани со тероризам во Република Северна Македонија.