На 7-8 мај 2026 година, Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) од Луксембург во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија и Правосудната академија на Косово спроведува онлајн обука на тема: „Судска соработка во граѓанска, трговска и семејна материја во Европската Унија“.
Обуката ја спроведуваат обучувачите: д-р Клаудио Матера, предавач, директор на EIPA Луксембург – Европски центар за судии и адвокати, д-р Кристина М. Мариотини, предавач во EIPA Луксембург – Европски центар за судии и правници, г-дин Кристијане Ламеш, виш службеник за програмски менаџмент на проекти во организацијата на Луксембург.
Целта на оваа обука е да им обезбеди на учесниците општ преглед на главните инструменти на судската соработка на ЕУ во граѓанските, трговските и семејните предмети, со посебен акцент на нивното спроведување во пракса, нивното толкување од страна на Судот на правдата на Европската Унија и нивната релевантност за земјите-кандидатки за членство во ЕУ кои се подготвуваат да учествуваат во европскиот простор на граѓанска правда.
Методологијата на обуката е комбинација од експертски презентации со интерактивни дискусии, фокусирани на практичната имплементација на инструментите за судска соработка на ЕУ. Учесниците ги анализираа главните одлуки на Судот на правдата на Европската Унија, дискутирајќи за практични примери што произлегуваат од прекугранични спорови и разменувајќи искуства во врска со имплементацијата на граѓанското правосудство на ЕУ.
Обука е наменета за: судии од основните судовите во Косово, како и за судии и јавни обвинители од Северна Македонија
Повеќе за обуката можете да најдете на следниот линк: https://ad.rks-gov.net/bashkepunimi-gjyqesor-ne-ceshtjet-civile-komerciale-dhe-familjare-ne-bashkimin-evropian-0

