Обуката беше наменета за судии, јавни обвинители и правни експерти, со цел зајакнување на капацитетите на правосудството за справување со етичките и правните дилеми кои ги наметнува развојот на новите технологии.

Програмата на обуката понуди продлабочен приказ на европските стандарди, со посебен фокус на Актот за вештачка интелигенција на ЕУ (EU AI Act) и неговата рефлексија врз националното законодавство. Беше елабориран клучниот баланс помеѓу ефикасноста на алгоритмите и заштитата на основните човекови права, нагласувајќи дека вештачката интелигенција мора да служи како помошна алатка, додека финалниот човечки супсумптивен силогизам и одлучување мора да останат во рацете на судијата.
Целта на оваа обука, поддржана од DCAF, беше учесниците да се стекнат со практични знаења за етичката примена на ВИ во судските процеси, да ги препознаваат ризиците од алгоритамска пристрасност и да го разберат значењето на транспарентноста и отчетноста при користењето на технолошки решенија во правосудниот сектор. Преку интерактивни сесии и анализа на случаи, беше истакната потребата од дигитална писменост како предуслов за зачувување на интегритетот и независноста на судската власт во дигиталната ера.

