Онлајн обука На тема „Видови на осигурување и висина на надомест на материјална и нематеријална штета од договорите за осигурвање“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот за континурана обука на судиите и јавните обвинители организира онлајн обука на тема: „Видови на осигурување и висина на надомест на материјална и нематеријална штета од договорите за осигурвање“, која ќе се одржи на 13 октомври 2022 година,  преку ЗООМ платформата.

Обуката е наменета за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Обуката ќе ја спроведат г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на РСМ во пензија и м-р Катерина Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје.

За дополнителни информации во врска со обуката Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е- маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk и тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1