Одржани предавања за слушателите од седмата генерација

IMG-4394

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје во соработка со ДЦАФ Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор денес организираа две предавања за слушателите од Академијата:

  • Собирање и чување докази во дигитален контекст и
  • (Контра)разузнавачките информации како докази во судовите.

Во рамките на двете сесии, темите беа образложени од тројца излагачи:

  • Алеш Залар, поранешен судија и Министер за правда на Словенија,
  • Петер Гридлинг, виш експерт за разузнавање, Австрија,
  • Андреј Божиновски, асистент докторанд на Правниот факултет во Загреб.

Модератор на сесиите и дискусијата беше д-р Теодора Фујор од ДЦАФ.

Слушателите покажаа особен интерес за темата, преку нивно активно вклучување во дискусиите со свои коментари, мислења и ставови, како и прашања до излагачите.

Темите кои беа изложени се во рамките на серијата шест предавања за слушателите од Академијата на тема Европски принципи и стандарди во судската постапка кои се спроведуваат во рамките на ДЦАФ имплементираната „Програма за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026)“.

Ресурсите за читање за слушателите може да се најдат на следните линкови: