Известување за измена на временска динамика за спроведување на приемниот испит за IX – та генерацијa

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати за слушатели пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука во Академијата, Ве известуваме дека денеска Комисијата за приемен испит одржа седница на која утврди нова изменета временска динамика за приемниот испит. Согласно динамиката првото наредно полагање ќе биде тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ, кој се очекува да се полага на деновите 13 и 14 мај 2023 година. Распоредот за групи и термините за полагањето ќе биде објавени дополнително.

 Доколку има некои измени во динамиката, ќе бидете навремено известени.