Заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени учествуваше на Регионалната конференција за јакнење на слободата на медумите во Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина

Bgd_Conference_307

На 13 и 14 октомври во Белград, Србија се одржа Регионална конференција за јакнење на слободата на медиумите во Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина со наслов: „Судска комуникација и безбедноста на новинарите“.

Регионалната конференција ја организраа Free Press Unlimited и Хелсинишкиот комитет на Холандија во рамките на проектот „Јакнење на слободата на медиумите“ со кои Академијата има воспоставено успешна соработка.

На регионалната конференција учествуваа првите луѓе на клучните правосудни институции и нивните лица задолжени за односи со јавност, а Академијата ја претставуваше заменик директорот, судија Илир Исени.

Повеќе панелисти, истакнати експерти во оваа област говореа на актуелни теми поврзани со односите помеѓу судството и медиумите и како да се унапреди оваа релација со цел зголемување на транспарентноста на судството.

Од страна на холандските експерти беа презентирани искуствата на Холандија кои го презентираа и нивниот модел за мултисекторски пристап во однос на безбедноста на новинарите.

Во рамки на дебатите кои се водеа за времетраење на конференцијата заменикот директор истакна дека Академијата посветува внимание на овие теми и истите се често дел од содржините на програмите за почетна и континуирана едукација.

Транспарентното работење претставува еден од приоритетите на Академијата и поради тоа Академијата одржува добри, професионални реалации како медуимите.

Во соработка со странските поддржувачи на Академијата преку реализација на проектните активности Академијата се обидува до обезбеди обуки кои ќе ја подигнат свеста на судиите и јавните обвинители за градењето на одржливи односи со медиумите.

За крај, заменикот дирeктор, Исени подвлече дека Академијата за судии и јавни обвинители останува на заложбата за активно вклучување во проекти кои што ќе допринесат во остварувањето на нејзините зацртани цели и активности, преку изнаоѓање на нови теми кои ќе бидат од интерес за судството во Република Северна Македонија, како и за останатите чинители во нашето општество, вклучувајќи ги и медиумите.