Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и државниот советник, м-р Сања Пандилов учествуваа на 17-тиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност во Брисел

Screenshot_20230321_131041_Facebook

Директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и државниот советник, м-р Сања Пандилов  учествуваа на 17-тиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност, кој се одржа на 15 и 16 март 2023 година во Брисел.

Поврзано со областите од Поглавјето 23 и активностите на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија, на состанокот беа презентирани досегашните резултати и идните заложби на Академијата за унапредување на правосудниот систем преку продуцирање на европски профили на судии и јавни обвинители кои со својата стручност и професионализам ќе придонесат за зајакнување на владеење на правото во Република Северна Македонија.

Воедно, на состанокот беше истакната улогата на Академијата како клучна институција во јакнење на капацитетите и вештините на правните професионалци за доследна примена и имплементација на европската легислатива и позитивните меѓународни стандарди со што се гарантира ефикасноста на правосудниот систем и исполнување на еден од важните предуслови за влез на земјата во европското семејство преку спроведување на успешен реформски процес.