Известување за е-курс “Спроведување на мерките за следење на комуникациите“ на ЛМС платформата на Академијата (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор на ЛМС платформата на Академијата го постави е-курсот „Спроведување на мерките за следење на комуникациите“.

Курсот е составен од следните модули:

Модул 1 – Меѓународни принципи и стандарди за примена на мерките за следење на комуникации

Модул 2 – Спроведување на мерките за следење на комуникациите за целите на кривичната постапка

Модул 3 – Контрола и надзор над примената на мерките за следење на комуникациите

 После секој модул има квиз за само-евалуација на наученото низ презентацијата во модулот составен секој од по 30 прашања.

Во обуките нема запишано корисници, администраторите на системот може да ги запишат соодветните корисници за оваа обука.

Линк до МК курс https://elearning.jpacademy.gov.mk/course/view.php?id=430

Линк до АЛБ курс https://elearning.jpacademy.gov.mk/course/view.php?id=431

Курсот е наменет за кандидатите за судии и јавни обвинители што посетуваат обука во Академијата за судии и јавни обвинители, како и за сите судии и јавни обвинители и судско-обвинителски службеници кои имаат пристап до платформата.

Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте го г. Петар Ковачев, на тел. 02/2401-576 или на емаил адресата: Petar.Kovacev@jpacademy.gov.mk