Форум на тема: Далечинските судења во модерното правосудство- предизвици и можности во Република Северна Македонија

Академијата за судии и јавни обвинители и CEELI Институтот организраат дискусионен форум „Далечинските судења во модерното правосудство – предизвици и можности во Република Северна Македонија’на кој ќе бидат промовирани и дискутирани  практичните упатства за далечински судења во Централна и Источна Европа.

Настанот ќе се одржи на 4 март 2022 година (петок) во просториите на Академијата, како и преку платформата ZOOM, со почеток во 09:30 часот.

Главната цел на настанот е претставување на Практичните Упатства за далечинско судење и поттикнување на дијалогот помеѓу правните практичари и креаторите на политиките, а со цел зајакнување на процесот на дигитализација на правосудството во Република Северна Македонија.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса: Sonja.Mojsoska@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/2401-568.

 

Агендата согласно која ќе се одвива настанот можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-04.03.2022 година