Директорот на Академијата проф. д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работна средба со г. Чезаре Питеа, Програмски менаџер на JUFREX и претставници на Совет на Европа (Demo)

На 27 октомври 2021 година во просториите на Акдемијата за судии и јавни обвинители директорот на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска одржа работна средба со г. Чезаре Питеа, Програмски менаџер на JUFREX. и претставници на Советот на Европа

Имено, заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа „Слободата на изразување и медуми на Југоисточна-Европа“ (JUFREX) и Академијата имаат повеќегодишна успешна соработка во реализација на низа проектни активности кои се однесуваат на слободата на изразување и медумите.

На работната средба се разговараше за резултатите од досегашните активности како и за продлабочување на соработката со реализација на идни заеднички едукативни настани од областа на слободата на изразување и медиумите со фокус на новинарите и етичките стандарди кои ги наметнува оваа професија.