(мкд) Директорот на Академијата проф. д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работна средба со г. Чезаре Питеа, Програмски менаџер на JUFREX и претставници на Совет на Европа

Sorry, this entry is only available in Macedonian and Shq. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

На 27 октомври 2021 година во просториите на Акдемијата за судии и јавни обвинители директорот на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска одржа работна средба со г. Чезаре Питеа, Програмски менаџер на JUFREX. и претставници на Советот на Европа

Имено, заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа „Слободата на изразување и медуми на Југоисточна-Европа“ (JUFREX) и Академијата имаат повеќегодишна успешна соработка во реализација на низа проектни активности кои се однесуваат на слободата на изразување и медумите.

На работната средба се разговараше за резултатите од досегашните активности како и за продлабочување на соработката со реализација на идни заеднички едукативни настани од областа на слободата на изразување и медиумите со фокус на новинарите и етичките стандарди кои ги наметнува оваа професија.