Академијата и програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Северна Македонија организираа онлајн работилница на тема: „Воведни зборови“ наменета за слушателите од седмата генерација на Академијата

Денес (28 октомври 2021 година) Академијата за судии и јавни обвинители во рамките на соработката со ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје се реализираше онлајн работилница на тема: „Воведни зборови“ наменета за слушателите од седмата генерација во почетната обука на Академијата. Презентација на темата имаше г. Кол Радович, правен советник, Амбасада на САД Скопје

На оваа работилница слушателите од почетната обука на Академијата имаа можност да разменат мислења во однос на воведните зборови кои се многу значајни и со кои започнува главната расправа. г. Родович детално ги објасни целите и што е тоа на што треба да се фокусираат идните судии и јавни обвинители, но исто така  понуди позитивни и негативни примери кои за слушателите ќе значат минимизирање на грешките во нивната секојдневна работа.