Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема: “Извршување врз подвижни предмети и права спрема РСМ и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија”, кое е предвидено да се одржи на 25 февруари (петок) 2022 година, преку ЗООМ Платформата. Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациониподрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат, проф. д-р Јетон Шасивари, редовен професор на Правниот факултет при Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово и проф. д-р Зоран Шапуриќ, редовен професор на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агенадата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја презмете на следниот линк:
Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете на следниот линк:
Работен материјал – проф. д-р Јетон Шасивари-Правен факултет при УЈИЕ..
Работен материјал – проф. д-р Зоран Шапуриќ – Универзитет Американ Колеџ