Заштитата на човековите права и КОВИД-19: ХЕЛП онлајн курс за биоетика реализиран во Северна Македонија (Demo)

Скопје, 25 Февруари 2021 година

 

На 25 февруари 2021 година во Северна Македонија, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители беше реализиран ХЕЛП онлајн курс на Совет на Европа на тема: „Клучните принципи за човековите права и биомедицината“ на која учествуваа 30 кандидати за судии и јавни обвинители од почетната обука на Академијата.

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата во своето поздравно обраќање до присутните го истакна значењето на ХЕЛП онлајн курсевите, посебно во сегашните услови и интересот на правните практичари од Северна Македонија за овие курсеви.

Воведно обраќање до присутните имаше и министерот за здравство на Северна Македонија, доц. д-р Венко Филипче кој во рамките на своето излагање го истакна значењето на интердисциплинарниот карактер на овие курсеви кое е многу важно за професионалците од областа на здравството, како и за правните професионалци.

Истакнувајќи ја важноста на биоетиката низ призма на сегашната здравствена криза, Annabelle Regal, програмски директор на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, ја потврди поддршката на ЕУ за имплементацијата на ХЕЛП онлајн курсевите како одговор на потребите за обука на правните професионалци. Г-а Лејла Дервишагиќ, шеф на операции на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, во своето поздравно обраќање ги потсети учеснциите дека Совет на Европа е главниот и најважниот провајдер на онлајн обуки наменети за правосудството.

Г. Laurence Lwoff, шеф на Одделнието за биоетика во Совет на Европа, ги воведе учесниците во Овиедо конвенцијата и нејзините дополнителни протоколи потсетувајќи ги притоа дека овој документ останува како единствениот правно обврзувачки инструмент од оваа област кој Северна Македонија го ратификуваше уште во далечната 2009 година. Истовремено тој ја презентираше и улогата на Комитетот за биотека (DH-BIO) како водечко меѓувладино тело за заштита на човековите права во биомедицината.  За важноста на биоетиката особено во време на епидемијата предизивкана од КОВИД 19 и нејзиното значење, како за правните, така и за здравствените професионалци говореше и проф. д-р Билјана Јанеска, шеф на Комората за медицинска етика и член на Етичкиот одобор при Факултетот за медицина во Скопје.

Следеше вовед во ХЕЛП Програмата и нејзините главни достигнувања во рамките на Акцијата на ХЕЛП за Западен Балкан кои ги даде г-а Ана Медерска Лазова од Секретаријатот на ХЕЛП, по што од страна на г-а Елена Игновска, вонреден професор на Правниот Факултет од Скопје беше презентирана меѓународната и Европската правна рамка од областа на човековите права.

На крајот, директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и судијата Габриела Гајдова од Основен суд Велес во улога на национални тутори ја илустрираа националната правна рамка воведувајќи ги притоа учесниците во форматот на курсот, неговата структура и содржина.

По завршувањето на овој почетен настан, ХЕЛП онлјан курсот за клучните принципи за човекови права во биомедицната ќе се спроведува онлајн и истиот ќе биде наменет за избрана група на учесници.

Штом ќе биде пуштена пилот верзијата на курсот, истиот ќе биде достапен и на македонски јазик. Во овој момент курсот е достапен бесплатно, онлајн, преку платформата за е-учење на Програмата ХЕЛП на англиски, француски, германски, ерменски, италијански, летонски, романски, руски, шпански и украински јазик и во повеќето случаи станува збор за национални адаптации на оргиналниот курс.

Овој воведен настан беше организиран во рамките на Регионалната акција “ХЕЛП„ во Западен Балкана кој е дел од заедничката програма на Европската унија и Совет на Европа “Хоризонтал Фасилити за Западен Балкан и Туција 2019-2022„ кој го имплементира Совет на Европа.

Тексот на англиски јазик можете да го прочитате на Веб страната на Совет на Европа, на следниот линк:

Protection of human rights and COVID-19: HELP online course on bioethics launched in North Macedonia – News (coe.int)