Втора обука за обучувачи за слобода на изразување во рамки на Проектот ЈУФРЕКС 2 (Demo)

Денес (5ти ноември 2020 годин) Академијата за судии и јавни обвинители и Проектот: Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2), којашто е дел од заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, ја релизираа втората обука посветена на слободата на изразување наменета за судиите и јавните обвинители кои постапуваат по предмети од оваа тема.

 

 

Обуката се реализираше преку онлајн платформата ЗООМ.

Традиционално со поздравно обраќање до присутните обуката ја отвори директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, која изрази надеж дека крајниот резултат од оваа обука ќе бидат ефикасни решенија за надминување на дилемите кои се јавуваат во судската пракса.

Во фокусот на денешната обука беше презентацијата на прирачникот преку размена на примери и искуства.

Експертот од Совет на Европа, г. Ара Газарјан ги презентираше искуствата на ЕУ во однос на слободата на изразување и алатките кои им се на располагање на правните практичари со цел спроеведување успешна постапка за слобода на изразување.

Домашната судската пракса и искуства ги презентираше судија Лидија Димова, претседател на Основен суд Велес.

Целта на обуката беше постигната, првенствено поради изборот на учесниците кои беа дел од оваа обука, пришто покрај веќе обучените обучувачи за слобода на изразување, беа вклучени и судиите кои постапуваат по предмети од оваа област, што беше причина да се развие активна дискусија во која беа идентификувани проблемите со кои се соочуваат правните практичари при примената на членот 10 од Европската конвенција за човекови права.