TAIEX онлајн работилница на тема „ Право на обвинетите во кривичната постапка според директивите на ЕУ “ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија, организира работилница на тема ,,Право на обвинетите во кривичната постапка според директивите на ЕУ’’.

Работилницата ќе се одржи онлајн на  8 февруари 2022 година (вторник), со почеток во 10:00 часот.

На работилницата ќе учествуваат судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја и адвокати.

Со поздравно обраќање настанот ќе го отвори проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители a свои излагања поврзани со темата ќе имаат: г-ѓа Маријаемануела Гуера, судија на Врховен касационен суд, Италија, г-ѓа Лана Пето Кујунџиќ, судија на Висок кривичен суд во Хрватска и г-ѓа Марија Ванеса Унтиед Лекуона, судски советникво Министерство за правда на  Шпанија.

 

Учесниците може да ја следат работилницата преку платформата ЗООМ на следниот линк:

Invite Link       https://us02web.zoom.us/j/85838688521

Meeting ID     858 3868 8521
Passcode  739022

 

Агендата согласно која ќе се одвива работилницата можете да ја преземете на следниот линк.

Работни материјали:

1.Презентација 1                      7.Директива во однос на надоместок на жртви на кривично дело

2.Презентација 2                     8.Директива за правото на устен и писмен превод во кривична постапка

3.Презентација 3                      9.Директива за борба против трговија со луѓе

4.Презентација 4                      10. Директива за правото на информирање во кривична постапка

5.Презентација 5                      11.Директива за минимални стандарди за заштита на жртви на кд

6.Презентација 6                     12.Директива за пристап до адвокат во кривични постапки

13.Директива за зајакнување на презумпција на невиност

14. Директива за процедурални мерки за деца во кривична постапка

15.Директива за правна помош за осомничени во кривични постапки