СТРУЧНА ДЕБАТА за Предлог – Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство 13ноември 2019 година

Во насока на реализација на Акцискиот план за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба со насилството врз жената и семејното насилство, Министерството за труд и социјална политика подготви  Предлог Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, со кој ќе се овозможи сеопфатен пристап односно интегриран мултидисциплинарен одговор во справувањето со насилство врз жената и семејното насилство, почитувајќи ги човековите права во согласност со меѓународните стандарди.

Во таа насока, Министерството за труд и социјална политика и Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организираат стручна дебата за наведниот предлог-закон што ќе се одржи на 13 ноември 2019 година (среда), во Клуб на пратеници во Скопје, со почеток во 11 часот, на која е предвидено учество на судии, јавни обвинители и стручни  соработници од судовите и обвинителствата во нашата држава.

 

Со поздравно обраќање до присутните ќе се обрати министерката за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, г-ѓа Мила Царовска, додека Предлог законот ќе го презентира, г-а Нашата Бошкова, национален експерт.

Агендата согласно која ќе се одвива стручната дебата можете да ја преземете тука.

Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство можете да го преземете Tука.

Предлог Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство