Средба на директорот на Академијата, проф д-р Наташа Габер Дамјановска со кандидатот од Државната правосудна академијата на Р. Франција, г-а Elsa Picet

Денес (02.03.2020 година), во просториите на Академијата, директорот на Академијата, проф д-р Наташа Габер Дамјановска оствари средба со кандидатот од Државната правосудна академија (ЕНМ) на Република Франција која со цел реализација на потребен стаж во странство ќе престојува во државата се до 20 март 2020 година.

Имено, стажирањето во надворешни странски правосудни институции е пракса на оваа академија, пришто на кандидатот му се дава можност да се запознае со правните системи на други земји.

Академијата веќе години наназад во рамките на соработката со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија е домаќин на кандидатите на ЕНМ кои ќе изразат интерес својот стаж да го поминат во Република Северна Македонија.

Во рамките на својот престој г-а Elsa Picet, покрај предвидените средби со вработените на Академијата за судии и јавни обвинители, едукаторите, менторите и слушателите на почетна обука на Академијата,  предвидено е да оствари низа работни посети и тоа во: Судскиот совет на Република Северна Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Апелационен суд Скопје, Основен суд Скопје 1, Основен суд Скопје 2, Вишо јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерство за правда на Република Северна Македонија, Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Канцеларијата на народниот правобранител на Република Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија- Сектор за меѓународна полициска соработка и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, Управа за финансиска полиција на Република Северна Македонија, Адвокатска комора на Република Северна Македонија, Нотарска комора на Република Северна Македонија и Комора на извршители на Република Северна Македонија.

Директорот на Академијата, проф д-р Габер Дамјановска и посака добредојде и изрази големо задоволство што г-а  Picet ја избрала токму Република Северна Македонија за реализација на својот стаж. На средбата директорот на Академијата на кратко ја презентираше Академијата, нејзината структура и организација, начинот на коj се спроведува и реализира програмата за почетна обука, но исто така ја воведе и во правосудниот систем на нашата држава.

По средбата со директорот на Академијата, г-а Picet, оствари средба со вработените на Академијата со цел подетално да се запознае со начинот на работење на Академијата.

Агендата за престојот на кандидатот од Република Франција е креирана согласно нејзините потреби и интереси,а крајната цел е промоција на правосудниот систем на нашата држава надвор од нејзините граници и размена на искуства во насока на прибирање нови идеи со кои би се унапредиле активностите на Академијата.