СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Примена на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост“

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ организира советување на тема: „Примена на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост“ кое ќе се одржи на 16 мај 2022 година на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за членовите на комисии за користење и располагање со ствари.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Силвија Јаневска од Судско-буџетски совет на Р.Северна Македонија и г-а Сузана Варналиева од Основен суд Велес.

За повеќе детали во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

 Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот линк:

Агенда-16 мај 2022 година-преземи

 

Работните материјали за советувањето, можете да ги превземете на следниот линк:

Презентација Силвија Јаневска-преземи

-Презентација Сузана Варналиева-преземи