СОВЕТУВАЊЕ на тема „Примена на одредбите и новини во новиот Закон за јавни набавки кои се однесуваат на одлучувањето-постапувањето на Управниот суд“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2020 година организира советување на тема „Примена на одредбите и новини во новиот Закон за јавни набавки кои се однесуваат на одлучувањето-постапувањето на Управниот суд“, кое се одржи на 25  февруари  (вторник) 2019 година, во просториите на Академијата.

 

Советувањето е наменето за судии и  стручни соработници од Виш управен суд и Управен суд како и претставници од Биро за јавни набавки и Државна комисија за жалби по јавни набавки.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Димитрула Апостоловска, судија на Управен суд и  г. Александар Бужаровски, раководител на внатрешна ревизија,  Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презнетација2