СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Постапување на предмети од судска управа со примена на Законот за управување со движење на предметите во судовите“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Постапување на предмети од судска управа со примена на Законот за управување со движење на предметите во судовите“, кое ќе се одржи на 1 јули  2021 година (четврток) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за  техничките секретари на претседателите на судовите.

Предавач на советувањето ќе биде г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

За повеќе информации поврзани со советувањето, Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572.