СОВЕТУВАЊЕ на тема Одолговлекување на кривичната постапка – аспекти и можни солуции

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во рамки на Каталогот на обуки за задолжителна континуирана обука за судии, јавни обвинители, претседатели на судови јавни обвинители на јавните обвинителства и доброволна обука за стручните служби во судовите и обвинителства за 2020 година, на 13 март 2020 година организира советување на тема: Одолговлекување на кривичната постапка- аспекти и можни солуции, кое ќе се одржи во просториите на Академијата со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и советници/судски и јавнообвинителски соработници од сите апелациони подрачја

 

Излагања по однос на темата на советувањето ќе имаат: г. Ѓорѓи Андонов, судија на Основен суд Штип и м-р  Стефчо Донев, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Кочани

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.