СОВЕТУВАЊЕ на тема „Односи со јавноста“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Односи со јавноста“, кое ќе се одржи на 17 ноември (среда) 2021 година, преку Zoom платформата.

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители и стручни соработници.

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Јасна Бачовска-Недиќ, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и г-ѓа Елизабета Недановска, самостоен јавно обвинителски советник за односи со јавноста во Јавно обвинителство на РСМ.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.

 

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-565.