СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Одговорност на органи на управување на друштвата за надомест на штета“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување на тема: Одговорност на органи на управување на друштвата за надомест на штета“, кое ќе се одржи на 3 јуни  2021 година (четврток) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи  на советувањето ќе бидат м-р  Наташа Савосвска Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје   и  г-а Татјана Сусулеска, судија на Апелационен Битола.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука:

Материјали од с. Наташа Савовска Димитровска

Материјали од с. Татјана Сусулеска

 

За повеќе детали поврзани со советувањето Ве молиме обратите се на следната е маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/ 2401-578.