Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „ЕУ регулатива за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во брачните спорови поврзани со родителска одговорност – Брисел 2“, кое ќе се одржи на 6 декември 2019 година (петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 3, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја, претставници на Центарот за социјални работи и адвокати.
На советувањето излагања ќе имаат доц. д-р Мирјана Ристовска, од Правниот факултет во Кичево, г. Среќко Митовски, судија на Основен суд Прилеп и г-ѓа Зора Треневска, судија во пензија од Апелациониот суд Скопје.
На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:
- Регулатива на Советот (ЕЗ) бр. 2201/2003 од 27 ноември 2003 година за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во брачните спорови и во работите поврзани со родителската одговорност и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1347/2000 (Регулатива Брисел IIa)
- Домашно законодавство за надлежност и извршување во семејните спорови со меѓународен елемент
- Признавање странски судски одлуки
ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.
МАТЕРИЈАЛИТЕ кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.
Презентација 1 Презентација 2 Презентација 3 Презентација 4 Презентација 5